петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Во Манчестер Сити изненадени од изјавите на Роналдо, нивната верзија на настаните е многу поразлична

Во Манчестер Сити изненадени од изјавите на Роналдо, нивната верзија на настаните е многу поразлична

Во таборот на Манчестер Сити се изненадени од изјавите на Кристијано Роналдо дека бил блиску до трансфер на „Етихад“, нивната верзја на настаните е многу поразлична.

Кристијано Роналдо е актуелен изминативе денови откако седна на разговор со Пирс Морган и си ја отвори душата.

Португалецот раскажа како летото во 2021 година бил многу блиску до преселба во Манчестер Сити, но во последен миг му се јавил Сер Алекс Фергусон, му кажал дека е невозможно да го облече дресот на лутиот ривал, па го послушал својот стар ментор и се вратил во Манчестер јунајтед.

Сепак, „граѓаните“ се изненадени од ваквите изјави, неколку извори од Англија пишуваат дека верзијата на Манчестер Сити е многу поразлична.

Мајк Киган од Дејли Мејл пренесува дека од таборот на Манчестер Сити му брифирале дека тие биле всушност кои решиле да се повлечат од зделката, и причините биле горе доле исти поради кои Томас Тухел не го сакаше Португалецот во Челси, сметале дека може да се наруши балансот во соблекувалната.

Роб Доусон од ЕСПН пак пишува дека од Етихад му потврдиле дека постоел интерес за ангажман на Кристијано Роналдо, но никогаш не биле блиску до ангажман на Португалецот.