Компирот нема многу калории, но е богат со влакна, калиум и витамини Ц и Б, па е одлична заштита од кардиоваскуларни болести. Затоа, можете да направите домашен чипс, кој ќе биде повкусен од купечкиот во продавница
Состојки:
четири големи компири
две лажици масло
крупна морска сол
малку мелен пипер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Излупете ги компирите, исечете ги на најтенките можни прстени, а потоа измијте ги, исцедете ги и исушете ги со крпа.
Ставете ги во плех обложен со хартија за печење, прелијте со масло, сол, и зачинете со мелен бибер.
Наредете ги во еден слој и печете во рерна 45 минути со повремено вртење.