Рецепт кој добро ќе ви се најде бидејќи салатата се подготвува многу брзо и лесно
Состојки:
500 гр компири
60 гр кромид
сол
бибер
50 гр сланина или друго суво месо
3 варени јајца
100 мл кисела павлака
50 гр мајонез
Подготовка:
Пропржете ја сланината. Во солена вода сварете ги јајцата и компирите. Почекајте да се изладат (или изладете ги со ладна вода) и исечкајте ги на коцки. Важно е компирите, јајцата и пржената сланина да бидат ладни пред да се соединат во салата. Во сад ставете ги компирите, сланината, јајцата, ситно сечканиот кромид, мајонезот, павлаката, солта и биберот. Добро измешајте, вкусете и додајте дополнително зачини доколку е потребно.