среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

БРЗА ПИТА од тава готова за 20 минути: Има состојки како компири и јајца кои сите во семејството ги обожаваат!

БРЗА ПИТА од тава готова за 20 минути: Има состојки како компири и јајца кои сите во семејството ги обожаваат!

Јадењето кое денес ви го претставуваме е идеално за брза вечера или ручек.

Потребни ви се само неколку состојки за да направите вкусна и заситувачка пита.

Состојки:

3 компири
3 јајца
1 китка магдонос
2 лажици брашно
150 гр сирење
сол по вкус
бибер по вкус
мелена пиперка по вкус

Подготовка:

Изрендајте ги компирите и потопете ги во вода.

Исечкајте го магдоносот, измешајте го со јајцата и зачините и изматете.

Потоа процедете ги компирите, додадете брашно и измешајте.

Истурете ги јајцата и измешајте сè.

Половина од смесата истурете ја во тавата во која сте го загреале маслото, убаво намачкајте, па ставете ги парчињата сирење и прелијте ја другата половина од смесата.

Покријте и печете околу 15 минути, па свртете, налејте уште малку масло и печете со затворен капак уште 7 минути.