недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти откри за кого навива на Светското првенство во Катар

Анчелоти откри за кого навива на Светското првенство во Катар

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа за кого ќе навива на Светското првенство во Катар во 2022 година.

– На Светското првенство ќе навивам за Канада. Таа не беше на Мундијалите многу години, а ова е мојот втор дом. Покрај ова, претседателот на Канадската федерација (претседател на КОНКАКАФ и потпретседател на ФИФА Виктор Монтаљани) е од од Абруцо (регион во централна Италија). Многумина ќе навиваат за Канада. Дали би можел да бидам тренер на Канада? Да, но се уште е рано. Можеби во 2026 година. Зошто да не? Канада е во подем во моментов, изјави Анчелоти за радио „Раи Уно“.

Анчелоти е оженет со канадската бизнисменка Маријан Мекклеј. Во групната фаза на Светското првенство во 2022 година, Канада ќе игра со Белгија, Хрватска и Мароко.

Вечер од 20 часот Канаѓаните ќе се соочат со Белгија. (МИА)