четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

И Анастасија пристигна во Катар – веднаш фрли брдо пари за да биде на ова место, многу придружнички на фудбалерите не може да си го дозволат ова!

И Анастасија пристигна во Катар – веднаш фрли брдо пари за да биде на ова место, многу придружнички на фудбалерите не може да си го дозволат ова!

Денеска нашиот сосед ќе дебитира на Светското првенство во Катар, а пејачката Анастасија Ражнатовиќ по тој повод утрово допатува во Катар.

Таа вечерва од трибините директно ќе им ја даде поддршката на фудбалерите, особено на нејзиното момче – Немања Гудељ.

Младата пејачка објави видео на својот Инстаграм и покажа како ужива во Катар пред вечерашниот натпревар.

Анастасија сними селфи видео додека ужива во ресторан на врвот на облакодер со прекрасна панорама на Катар и пустината.

Во црн топ и сина кошула Анастасија го покажа своето затегнато тело и ги остави следбениците воодушевени.

Инаку, како што и самата неодамна откри, во Катар ќе помине неколку дена, можеби и една недела, во зависност од успехот што ќе го постигнат српските репрезентативци, се со цел да го бодри своето момче.

Најнови вести