недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

СП 2022: Иран бара дисквалификација на САД поради скандалозна фотографија со знамето

СП 2022: Иран бара дисквалификација на САД поради скандалозна фотографија со знамето

Иранската фудбалска федерација бара казна од 10 натпревари за репрезентацијата на САД поради навреда на достоинството на нивната земја, пишува „The Guardian“.

Според британскиот медиум, Иран е незадоволен од тоа што прес-службата на американскиот тим објавила фотографија од иранското знаме без амблемот на Исламската Република на него.

Жалбата е испратена до Етичкиот комитет на ФИФА. Во соопштението на федерацијата се вели дека Соединетите држави одлучиле да ја тргнат сликата на официјалното знаме на Иран со цел да покажат „поддршка на жените во Иран кои се борат за човековите права“.

Натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2022 година Иран – САД ќе се игра утре од 20 часот.