вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хаос и тензија во фудбалската репрезентација на Белгија

Хаос и тензија во фудбалската репрезентација на Белгија

Францускиот весник „Л’Екип“ објави дека лошите резултати довеле до тензија во селекцијата на Белгија која доживеала кулминација откако сите решиле да си кажат искрено што мислат едни за други.

Проблемите почнаа уште пред стартот на СП кога Де Брујне и Азар излегоа со изјави дека немаат шанси за висок пласман бидејќи составот им е стар.

Ироничен беше и Вертонген по поразот од Мароко велејќи дека со таков стар офанзивен напад, не можат да даваат голови. Тој намерно ги прозва Де Брујне и Азар поради нивните претходни изјави.

Се создале кланови во белгиската репрезентација, атмосферата била исклучително нарушена, не само меѓу фудбалерите туку и биле вклучени и луѓето од стручниот штаб. Ромелу Лукаку само се обидувал да ги смири страстите и да воведе мир меѓу завојуваните страни.

Белгија во последното коло игра со Хрватска и само со победа ќе може да се пласира во осминафиналето. Постои можност таму да се најде и со реми, но за такво нешто Канада ќе мора со три или повеќе гола разлика да го совлада Мароко, што е тешко замисливо.