четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Антони сподели бизарна причина зошто играчите настинуваат на СП во Катар

Антони сподели бизарна причина зошто играчите настинуваат на СП во Катар

Репрезентативецот на Бразил и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Антони, кој минатото лето ги засили „ѓаволите“, а во моментов е на Светско првенство со својата репрезентација, сподели бизарна причина зошто повеќе играчи се разболеа во Катар.

Тимот на Тите беше на удар од неколку болни играчи, пред натпреварот со Швајцарија, а сега Ентони обвинува дека климатизерите на стадионите ги разболиле повеќето играчи.

Антони на првите два меча, против Србија и Швајцарија, ги почна од клупа и влегуваше во вториот дел на натпреварите.

„Се чувствувам доста чудно неколку денови, сега добро се опоравувам и наскоро сум на 100%. Станува повеќе збор за мала настинка, грип. Мислам дека виновни за тоа се климатизерите на стадионите. Тоа не беше случај само кај мене, исто и кај неколку други играчи беше исто. Беше тешко да прифатам дека сум болен, но сега е добро, јас сум дел од тимот кој е на располагање“, порача Антони.