четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нова лоша вест за Бразил – Нејмар!

Нова лоша вест за Бразил – Нејмар!

Најдобриот играч на бразилската репрезентација Нејмар нема да биде подготвен ниту за осминафиналето на Мундијалот.

Бразилците се надеваа дека Нејмар ќе биде подготвен за осминафиналето, откако се повреди на натпреварот против нашата репрезентација, но тамошните медиуми денеска пренесуваат дека мали се шансите тој да игра во следната рунда.

Бразил се пласираше во следната рунда и чека ривал од групата во која за пласман се борат Уругвај и Гана, па јасно е дека допрва ќе се чувствува отсуството на Нејмар.

Добрата вест е дека Данило ќе биде подготвен, бидејќи успешно се опоравува од повредата, а Алекс Сандро се уште е под знак прашалник.

Својот осминафинален натпревар Бразилците го играат в понеделник од 20 часот, а противникот ќе го дознаат во петок.