среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шок за Бразил: Нејмар ќе може да игра дури во финалето?!

Шок за Бразил: Нејмар ќе може да игра дури во финалето?!

Нејмар заработи незгодна повреда на премиерниот мундијалски натпревар против Србија, по што не настапи против Швајцарија, а нема да биде во комбинација за настап ниту на денешниот дуел со Камерун.

Селекторот Тите се надеваше дека најголемата бразилска ѕвезда повторно ќе му се стави на располагање за осминафиналето, но шансите за тоа се се помали откако рехабилитацијата од повредата на зглобот тече побавно од првичните прогнози. Таткото не Нејмар, Да Силва Сантош, ги шокираше дополнително бразилските фанови најавувајќи дека одличниот голгетер би можел да се врати дури за големото финале.

„Нејмар? Мислам дека ќе се врати на терен навреме за големото финале и ќе стори за да помогне Бразил да го крене пехарот. Она што е најважно е тој да биде здрав, за кога ќе се врати да го даде максимумот. Сите знаат колкаво влијание има мојот син врз оваа група на играчи, не сакаме да брзаме и тој да игра ако не е максимално подготвен“, изјави „Нејмар сениор“.