среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар ќе биде подготвен за дуелот со Јужна Кореја

Нејмар ќе биде подготвен за дуелот со Јужна Кореја

Бразилскиот репрезентативец Нејмар, ќе биде подготвен за настап на осминафиналниот натпревар на Кариоките против Јужна Кореја кој ќе се игра денес од 20 часот.

Нејмар на првиот натпревар на Светското првенство, против Србија заработи повреда на зголобот на ногата поради што селекторот Тите мораше да го извади од игра.

Првичните прогнози беа дека можеби се оштетени и лигаментите и постоеше можност, одличниот напаѓач воопшто да не настапи во Катар.

Но, на последната прес-конференција, селекторот Тите изјави дека состојбата со зглобот на Нејмар е подобра и фудбалерот на ПСЖ ќе биде подготвен за настап против Јужна Кореја.

Ова е одлична вест за Тите бидејќи во меѓувреме остана без Габриел Жесус кој го повреди коленото и ќе мора да оди на операција по што ќе следи тримесечно отсуство од терените.