недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Официјално: ФИФА отвори постапка против Србија поради натпреварот со Швајцарија

Официјално: ФИФА отвори постапка против Србија поради натпреварот со Швајцарија

Вчера од Фудбалскиот сојуз на Косово најавија дека е поднесена жалба до ФИФА, а денес од Светската куќа на фудбалот потврдија дека е отворена постапка против Србија.

Против Србија е отворена постапка поради недолично однесување за учесниците во тој натпревар, но и поради дискриминација.

Фудбалскиот сојуз на Србија е обвинет од страна на Дисциплинската комисија за прекршување на неколку точки.

Допрва ќе се знае дали и ако има каква ќе биде тоа казна за Србија. Србија со поразот од Швајцарија го заврши настапот во групата како последна зад Камерун, Швајцарија и Бразил.

Медиумите после тој натпревар посебно ги истакнуваа пцовките на Пикси на национална основа после голот на Влаховиќ кога Србија поведе со 2:1.