вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ПОСНА ПИТА СО ЈАБОЛКА! Се подготвува БРЗО, а вкусот е НЕВЕРОЈАТЕН!

ПОСНА ПИТА СО ЈАБОЛКА! Се подготвува БРЗО, а вкусот е НЕВЕРОЈАТЕН!

Има нешто во едноставните рецепти кои можете да ги подготвите за половина час, а кои зрачат со домашна атмосфера и неодоливо не потсетуваат на некои стари добри времиња, а нераскинлив дел од тоа е и питата со јаболка.

Питата со јаболка кај секој од нас буди убави спомени од детството и времето поминато со нашите најблиски.

Состојки:

1 кг јаболка

4-6 лажици шеќер

10 гр ванилин шеќер

3 лажици гриз

1 лажичка цимет

500 гр кори за пита

70 мл масло

70 мл вода

Подготовка:

Излупете ги и изрендајте ги јаболката. Додадете ги шеќерот, гризот, циметот и ванилиниот шеќер, па измешајте. Во еден сад измешајте ги водата и маслото.

Поделете ги корите така што ќе добиете 4 ролати. Намачкајте ја кората со масло и вода, а одозгора ставете ја втората кора. Повторете го процесот со кора или две. Последната кора не ја покривајте, на неа наредете ги изренданите јаболка.

Ролатите наредете ги на тавче обложено со хартија за печење (или подмачкано со масло). Можете веднаш да ја исечете питата. Се пече во загреана рерна на 220 степени додека питата не порумени, околу 20 минути. Почекајте да се излади, па посипете со шеќер во прав.