петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нeјмар се врати во составот на Бразил

Нeјмар се врати во составот на Бразил

По пауза од два натпреварa поради повреда, Нејмар се врати во составот на Бразил и вечерва го предводи нападот на Кариоките на осминафиналниот дуел против Јужна Кореја на Светското првенство во Катар.

Нејмар го повреди десниот скочен зглоб на натпреварот против Србија во првото коло од групната фаза по што ги пропушти следните два дуелa против Швајцарија и Камерун.

Дуелот меѓу Бразил и Јужна Кореја е во тек на стадионот „974“ во Доха.

Победникот од овој натпревар во четвртфиналето ќе игра против Хрватска, која претходно денеска на пенали ја совлада Јапонија.