недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Винициус: Нормално е што засилуваме,ќе продолжиме да танцуваме до финалето!

Винициус: Нормално е што засилуваме,ќе продолжиме да танцуваме до финалето!

Петкратниот светски шампион Бразил се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Катар откако во осминафиналето ја совлада Јужна Кореа со 4-1.

„Нормално е што засилуваме за време на турнирот. Преку натпреварите добиваме повеќе самодоверба, има поголема автоматичност. Вечерва игравме против екипа која ни остави повеќе простор, а кога ќе ни дадат простор – станува комплицирано за противниците. Се надевам дека ќе продолжиме да танцуваме до финалето“, изјави Винициус.

Тој испрати порака за поддршка и љубов до својот легендарен сонародник Пеле, кој се лекува од рак и од минатиот вторник е во болница поради респираторна инфекција.

„Оваа победа е за него, Се надеваме дека  ќе биде добро, дека ќе излезе од болница и дека ќе станеме шампиони за него. Ја испраќам сета моја љубов кон Пеле, кому му е потребна нашата поддршка“, изјави Винициус.