вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Херојот на Мароко- Боно: Спуштам капа за целиот мојот тим

Херојот на Мароко- Боно: Спуштам капа за целиот мојот тим

Јунак на мароканскиот состав беше голманот на Севиља, Боно, откако во пенал-рулетот ги обрани ударите на Солер и Бускетс.

„Пеналите се малку интуиција, малку среќа. Најважно е што победивме. Спуштам капа за целиот тим, завршија неверојатна работа. Не е лесно да се остане сконцентриран 120 минути против Шпанија, која доминира во поседот на топката, Тешко е да се опишат овие моменти. Ќе се обидеме да останеме фокусирани и да се опоравиме што е можно поскоро. Брзо ни следи четвртфиналниот натпревар. Го пречекуваме со големо задоволство и желба. Тоа го гледам во очите на моите соиграчи“, заврши Боно.

Во четвртфиналето Мароко ќе игра против Португалија која убедливо го совлада швајцарскиот тим со 6-1.