среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Бостон си поигра со Феникс, Јута го совлада шампионот

НБА: Бостон си поигра со Феникс, Јута го совлада шампионот

Јута Џез на драматичен начин стигна до домашна победа над Голден Стејт Вориорс (124-123). Гостите имаа солидна предност, но дозволија во последните секунди да се случи пресврт.

Фонтекио по една украдена топка ги постигна победничките поени, на големо разочарување на тимот на Стив Кер, кој настапи без Дрејмонд Грин и Стеф Кари. За „воините“ не беа доволни ниту 36 поени од Џордан Пул.

Џејлен Браун и Џејсон Татум комбинираа за 50 поени во убедливото издание на Бостон Селтикс кај Феникс Санс (98-125). Ланскиот финалист му одржа лекција на тимот од Аризона и го посрамоти пред домашните навивачи.

Милвоки и Бруклин го одбранија домашниот терен благодарение на Јанис Адетокумбо и Кевин Дурант. Лос Анџелес Лејкерс загубија на гости кај Торонто, каде настапија без Ентони Дејвис и Леброн Џејмс.

На останатите мечеви победи запишаа Орландо, Чикаго, Мемфис, Минесота, Њу Орлеанс и Њујорк.