вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Хрватска не е Јужна Кореја, па Бразил не даде гол во прво полувреме

Хрватска не е Јужна Кореја, па Бразил не даде гол во прво полувреме

Хрватска и Бразил играат без голови по првиот дел во првото четвртфинале на Светското првенство во Катар. Коцкестите се рамноправен ривал на петкратниот светски првак, што е најава на интересно второ полувреме, а можно е да има и продолженија, па и пенали.

Во првите 45 минути Бразил имаше пет шута, од кои три одеа во рамките на голот, но Ливаковиќ одлично брани. Хрватска шутна три пати и сите три удари беа надвор од рамките на голот на Алисон.

Статистиката е израмнета кога ќе се види дека двата тима имале по еден изведен корнер, а по едев фудбалер во двата тима доби жолт картон.

Колку за споредба, Бразил во осминафиналето во првите 35 минути даде четири гола на Јужна Кореја и без проблем доминираше, но овојпат ситуацијата е сосема поинаква.