понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Снимка од Катар која ја погледнале повеќе од 11 милиони луѓе: Се обидел тајно да намигне, а реакцијата на неговата девојка е хит

Снимка од Катар која ја погледнале повеќе од 11 милиони луѓе: Се обидел тајно да намигне, а реакцијата на неговата девојка е хит

Моментално највиралното видео на Твитер е една несекојдневна сцена од трибините на Светското првенство, која се случила за време на натпреварот помеѓу Хрватска и Бразил.

Имено, камерите „уловиле“ една комична сцена на трибините во која млад Бразилец ѝ го држел телефонот со вклучена предна камера на својата поубава половина за да ѝ помогне да си ја поправи шминката.

Меѓутоа, додека таа сконцентрирано го поправала ајлајнерот, а тој го држел телефонот, гледајќи што се случува околу него, на теренот и на трибините, во еден момент некому намигнал и се насмевнал.

Врз основа на видеото се добива впечаток дека девојката го забележала тоа и веднаш го прекинала шминкањето, давајќи му прекорен поглед кој „убива“ на својот избраник, а тој веднаш го променил изразот на лицето и се „скаменил“.

Видеото е прегледано повеќе од 11 милиони пати, а огромен е и бројот на различни коментари – жените тврдат дека младиот маж е вистински џентлмен, додека мажите велат дека е очигледно кој го има главниот збор во оваа врска.