Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Роналдо обелодени дека тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, бил начелно заинтересиран да стане бразилски селектор.
Бразил остана без селектор откако Тите поднесе оставка по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
– Разговарав со Гвардиола и неговиот стручен штаб, но тој одлучи да го продолжи договорот со Манчестер сити. На Фудбалската федерација на Бразил ќе ѝ беше тешко да постигне договор со Гвардиола бидејќи тој е најплатен тренер во светот, рече Роналдо за каналот Јутјуб.
Според Роналдо, најголеми шанси да ја преземе репрезентацијата на Бразил има Фернандо Диниз (48), кој во моментов е тренер на Флуминенсе, а во кариерата ги предводеше и Васко де Гама, Сантос, Сао Паоло и Атлетико Паранансе.