недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Макрон по натпреварот влегол во соблекувалната на Мароко, она што го направил ги шокирало сите

ВИДЕО: Макрон по натпреварот влегол во соблекувалната на Мароко, она што го направил ги шокирало сите

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, направил прекрасен гест по натпреварот меѓу Франција и Мароко (2:0), кога по триумфот на Триколорите влегол во соблекувалната на африканската селекција и му честитал на Амрабат на прекрасната игра.

Макрон во таа прилика пред сите фудбалери на Мароко го пофалил играчот на Фиорентина и му кажал дека е најдобриот во целото првенство, што без сомнеж е голема чест за овој играч и прекрасен потег на првиот човек на Франција со што потврди дека спортот ги надминува сите граници и ги спојува луѓето.

Исто така Макрон во соблекувалната им се придружил и на француските фудбалери кои срдечно го дочекале и заедно го прославиле пласманот во финалето.

Да ве потсетиме, фудбалерите на Франција се пласираа во финалето на Светското првенство во Катар откако во полуфиналето ја победија селекцијата на Мароко со резултат 2:0.