Откако во четвртокот и официјално беше прекината соработката со Фернандо Сантош, Португалија е во потрага по нов селектор.
Очекувано, веќе започнаа да кружат шпекулации за тоа кој ќе го наследи, а португалските медиуми пишуваат дека првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Португалија има само една желба, а тоа е Жозе Мурињо.
По пристигнувањето во Фаро со Рома, Мурињо доби бројни прашања на оваа тема, но не сакаше да одговори. Тој едноставно ги игнорираше тие прашања.