четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Букер броеше до 58 поени, Милвоки ја прегази Јута без Адетокумбо

НБА: Букер броеше до 58 поени, Милвоки ја прегази Јута без Адетокумбо

Во НБА лигата Феникс победи во драматичниот финиш на дуелот со Њу Орлеанс, а Девин Букер стана играч со најдобар поентерски ефект сезонава.

Ѕвездата на „сонцата“ постигна 58 поени за 43 минути на теренот и го предводеше Феникс до значајната победа, додека на спротивната страна најефикасни биле Вилијамсон со 30 и МекКалум со 27 поени.

Далас избори продолжение против Кливленд во натпревар со малку поени (100:99), но не успеа да слави на гостувањето без Лука Дончиќ во составот.

Милвоки се рехабилитираше од дебаклот против Мемфис и ја совлада Јута со убедливи 123:97. Во отсуство на Јанис Адетокумбо, најефикасни биле Портис со 22 и Холидеј со 21 поен.

Л.А Клиперс – Вашингтон 102:93
Сан Антонио – Мајами 101:111
Кливленд – Далас 100:99 (п)
Хјустон – Портланд 95:107
Милвоки – Јута 123:97
Оклахома – Мемфис 115:109
Феникс – Њу Орлеанс 118:114