понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на булеварот „Гоце Делчев“ во Гостивар.

Од полицијата информираат дека патничко моторно возило „Мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Т.А.(71) од Гостивар удрило во пешак Џ.Е.(35) од Тетово.

-Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, со медицинско возило пренесена била на скопските клиники, посочуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.