недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Говорот на Мбапе на полувремето со Аргентина (ВИДЕО)

Говорот на Мбапе на полувремето со Аргентина (ВИДЕО)

Килијан Мбапе беше одличен во финалето на Светското првенство во кое постигна хет-трик и беше сигурен во пенал серијата, но на трофејот се радуваа Меси и Аргентина.

На социјалните мрежи сега се појави говорот на Мбапе во соблекувалната на паузата помеѓу полувремињата.

„Ваков натпревар се игра на секои четири години и полоши од ова не може да бидеме. Можеме да се вратиме“, порача напаѓачот.

И успеа Франција да се врати во второто полувреме од 2:0, но Аргентинците беа подобри по изведувањето на пенали.