вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Феникс продаден за рекордна сума

Феникс продаден за рекордна сума

НБА тимот Феникс Санс е продаден за рекордна сума од четири милијарди долари.

Нов сопственик е милијардерот Мет Ишбија, бизнисмен од САД, основач на фондот United Wholesal Mortgage, кој се занимава со хипотеки и недвижен имот.

Санси беа ставени на продажба откако сопственикот Роберт Сaрвер беше суспендиран на една година и казнет со 10 милиони долари. Тој беше обвинет за расистичко и мизогинско однесување.

Инаку, најскапата продажба претходно, во историјата на НБА лигата, беше онаа во 2019 година, кога Џо Цаи го купи Бруклин Нетс за 3,3 милијарди долари.