сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сите парични награди мароканските фудбалери ќе ги донираат на сиромашните сограѓани

Сите парични награди мароканските фудбалери ќе ги донираат на сиромашните сограѓани

Фудбалската репрезентација на Мароко беше вистински хит на Светското првенство во Катар со пласманот во полуфиналето.

Со новиот гест мароканските фудбалери собраа нови симпатии, имено нивните парични награди заработени на Мундијалот ќе ги донираат на сиромашните сограѓани.

Играчите на Валид Реграги како херои беа пречекани во Рабат по повод историскиот успех на СП 2022.

Кралот Мохамед шести им организираше прием и им додели ордени на фудбалерите за одличниот настап.

Вкупно 277 илјади долари ќе бидат донирани, колку што им следува на играчите од 25 милиони долари што фудбалската федерација на Мароко ги добива од ФИФА за освоената четврта позиција на СП.