четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден во сообраќајка во гостиварско

Возач тешко повреден во сообраќајка во гостиварско
илустрација

На 27.12.2022 во 12.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница од автопатот со регионалниот пат Неготинска клучка – с.Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со српски национални ознаки, управувано од Н.Х.(61) од гостиварски Добридол и патничко возило ,,Опел,, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.Н.(27) од гостиварско Горјане, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Х., констатирани во Општа болница „Ферид
Мурат“ во Гостивар.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.