Јужна Кореја од 5 јануари воведува задолжителни тестови за Ковид-19 за оние кои пристигнуваат од Кина.
Луѓето кои пристигнуваат од Кина ќе треба да достават негативен резултат од ПЦР тест за Ковид-19 направен не порано од 48 часа пред пристигнувањето во Јужна Кореја или негативен резултат од антиген тест направен не порано од 24 часа пред пристигнувањето.
Претходно, САД и Јапонија воведоа сличен услов откако Пекинг одлучи да ги олабави ограничувањата против Ковид-19.
Сеул ќе го ограничи и издавањето краткорочни визи за кинеските граѓани до крајот на следниот месец.