петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Леброн за 38-от роденден со почести со 47 поени

Леброн за 38-от роденден со почести со 47 поени

Кошаркарите на ЛА Лејкерс триумфираа на гостувањето кај Атланта хоукс со 130:121 и тоа благодарение на неверојатниот Леброн Џејмс кој постигна дури 47 поени.

Кралот Џејмс на својот 38 роденден покажа дека е како виното – што е постар, игра се подобро и покрај 47-те поени, имаше и 10 скока, а само една асистенција му недостасуваше да дојде до трипл-дабл.

Тоа што не го направи Џејмс, му појде од рака на главниот кандидат за МВП трофејот, Никола Јокиќ. Србинот во победата на неговиот Денвер од 124:119 над Мајами хит, оствари трипл-дабл од 19 поени, 12 скока и 12 асистенции, а притоа собори и клупски рекорд. Имено, Јокиќ на 26 натпревари по ред шутира над 50 отсто од игра.

Мареј постигна седум од своите 14 поени во последните две минути од средбата. Кентавиус Колдвел Поуп беше прв стрелец кај Денвер со 20 портинати поени, додека кај Мајами се истакнаа Тајлер Хироу со 26 и Бам Адебајо со 22 постигнати поени.

Резултати: Орландо – Вашинтон 100:119, Атланта – ЛА Лејкерс 121:130, Торонто – Феникс 113:104, Чикаго – Детроит 132:118, Милвоки – Минесота 123:114, Њу Орлеанс – Филаделфија 127:116, Денвер – Мајами 124:119, Голден Стејт – Портланд 118:112, Сакраменто – Јута 126:125