петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Бостон подобар од Далас, Денвер го декласира ЛА Клиперс

Бостон подобар од Далас, Денвер го декласира ЛА Клиперс

Бостон Селтикс, кој има најдобар учинок во лигата до овој момент, го надигра Далас на гостински терен со 95-124. Џејсон Тејтум оствари „трипл-дабл“ со 29 поени, 14 скока и 10 асистенции, а Џејлен Браун додаде 19 поени. Кај Далас повторно најефикасен беше Лука Дончиќ кој постигна 23 поени.

Денвер Нагетс го декласира Лос Анџелес Клиперс со 122-91. Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 12 поени, шест скока и девет асистенции, но воопшто не влезе во игра во последната четвртина. Џамал Мареј беше најефикасен со 18 поени, а покрај него и Јокиќ уште петмина играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени.

Јута го победи Хјустон со 131-114, а Финецот Лаури Марканен постигна рекордни во кариерата 49 поени. Малик Бисли и Џордан Кларксон го следеа со по 19 поени, додека кај Хјустон најдобри беа Џејлен Грин со 30 и Кевин Портер со 23 поени.

Мемфис го надигра Орландо со 123-115, со Џа Морант со 32 поени, шест асистенции и пет скока и Џерен Џексон, кој додаде 31 поен и 10 скока како главни актери.