среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Петта победа во низа на ЛА Лејкерс, уште еден трипл-дабл на Дончиќ

Петта победа во низа на ЛА Лејкерс, уште еден трипл-дабл на Дончиќ

Лос Анџелес лејкерс победи откако „езерџиите“ го надминаа катастрофалниот старт на сезоната и успеаја да врзат пет победи во серија.

Тие славеа на гостувањето против Сакраменто со 134-136, за продолжување на триумфалната серија и приближување до местата на табелата кои значат пласман во плејофот. Леброн Џејмс постигна 37 поени, осум скокови и седум асистенции, а огромна помош доби од Брајант, кој реализираше 29 поени и 14 скокови, додека Шредер постигна 27 поени за победничкиот тим.

Далас го доби дерби-дуелот на Западната конференција против Њу Орлеанс со 127-117, уште еден натпревар во кој блесна Лука Дончиќ.

Словенецот стигна до својот деветти трипл-дабл сезонава реализирајќи 34 поени, 10 скока и 10 асистенции во триумфот што беше осигуран уште во првата четвртина што Далас ја доби со 34-15, потоа одржувајќи го двоцифреното водство до самиот крај.

Шампионот Голден Стејт претрпе нов пораз, овојпат на домашен терен од Орландо со 101-115.

Резултати НБА:

Сан Антонио – Бостон 116-121, Чикаго – Јута 126-118, Далас – Њу Орлеанс 127-117, Голден Стејт – Орландо 101-115, Сакраменто – ЛА Лејкерс 134-136.