четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца повредени во сообраќајќа во Пирок

Тројца повредени во сообраќајќа во Пирок

На 10.01.2023 околу 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Пирок-Жеровјане, во Пирок, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од 64-годишниот Г.С. од Пирок и патничко возило „фолксваген голф“, што го управувала 21-годишната М.Ј. од истото село, двете со тетовски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата, Г.С. и М.Ј. се здобиле со тешки телесни повреди, а сопатникот од возилото „голф“, Ч.Н.(21) од тетовско Слатино со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.