Машката репрезентација на Македонија повторно ќе биде во друштво на најдобрите во светот и вечерва го игра првиот натпревар од Мундијалот што се игра во Шведска и Полска.
Наш прв противник ќе биде селекцијата на Норвешка, една од најсилните на овој собир, а ИХФ веќе ги делегира арбитрите кои што ќе означат старт на средбата која што започнува од 20:30 часот.
Судии на овој натпревар ќе бидет Адам Биро и Оливер Киш од Унгарија, а делегат ќе биде Јосип Посавец од Хрватска.
Македонија и Норвешка досега се сретнале петпати, Скандинавците извојувале три победи, додека нашата селекција има само една. Еден натпревар заврши без победник.