недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Литвански судии ќе ја делат правдата на клучниот меч за Македонија

Литвански судии ќе ја делат правдата на клучниот меч за Македонија

Македонската ракометна репрезентација вечерва го игра клучниот меч за пласман во главната фаза на Светското првенство, а ривал ќе ни биде селекцијата на Аргентина.

Средбата е закажана за 18 часот во „Таурон Арена“ во Краков, место на кое мора да оствариме победа ако сакаме уште три меча на овој мундијал на кој домаќин освен Полска е и Шведска.

Веќе се познати арбитрите кои ќе ја делат правдата, тоа е комбинацијата од Литванија, Ваидас Мажеика и Миндаугас Гателис. Делегат пак ќе биде Србинот, Јован Попадиќ.

Двете селекции ги загубија дуелите против Норвешка и Холандија со тоа што ние за нијанса сме полоши и имаме гол разлика минус 22 (гаучосите минус 21).