вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Му се заканувал, го истепал, па го ограбил – кривична за маж од Кочани

Му се заканувал, го истепал, па го ограбил – кривична за маж од Кочани
илустрација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Р.(32) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 15.01.2023 околу 22:10 часот, пред продавница на ул.„Славчо Стојменов“ во Кочани, Т.Р. му се заканил и физички го нападнал З.Ш., одземајќи му торба со лични предмети, мобилен телефон и пари.