вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн Минхен ја најде замената за Нојер

Баерн Минхен ја најде замената за Нојер

Еден од најдобрите голмани во германскиот фудбал ќе биде замената за Мануел Нојер во Баерн Минхен, откако баварскиот великан конечно успеа да пронајде заеднички јазик со Борусија Менхегладбах за реализирање на зделката.

На крајот Баерн ќе плати околу 10 милиони евра за Јан Зомер, швајцарскиот репрезентативен голман кој со години наназад е еден од најстандардните чувари на мрежата во Бундеслигата.

Германскиот првак долго се мислеше дали да носи замена за тешко повердениот Мануел Нојер и прашањето беше дали да носи прв голман или резерва за Улрајах, но на крајот Салихамиџиќ и Кан се одлучија за она првото.

Зомер доаѓа во Баерн за да биде прв голман до крајот на сезоната, а потоа самиот ќе треба да одлучи дали ќе остане во тимот за да му биде конкуренција на Нојер.

Швајцарецот во моментов треба да ги мине лекарските прегледи закажани во Минхен, по што и официјално ќе стане нов член на Баерн.