четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Лејкерси подобри од Мемфис,Ирвинг неверојатен против Јута

НБА: Лејкерси подобри од Мемфис,Ирвинг неверојатен против Јута

Лос Анџелес лејкерс забележа  победа од 122:121 против Мемфис гризлис, иако беа на работ на пораз на нешто повеќе од 3 минути до крајот на мечот. Гостите од Мемфис водеа со 112:104 и потоа го преспаа финишот во кој извонредно одигра триото на Лејкерс, Леброн Џејмс, Денис Шрудер и Расел Вестбрук.

Набрзина ја стопија предноста на Мечките, а Шрудер украде топка на 7 секунди до крајот во контранапад погоди два поени и плус дополнително слободно фрлање за пресврт и предност на домашната екипа од 122:120.

Драмата кулминираше со фаул за Мемфис на 1.9 секунди до крајот, а Брендон Кларк погоди само едно слободно фрлање и Мечките загубија добиен меч.

Ветсбрук со 29 поени беше прв стрелец на мечот, а зад него е Џејмс со 23 поени и Морант од Мемфис со 22.

НБА резултати:  Орландо – Њу Орлеанс 123:110, Атланта – Њујорк 139:124, Кливленд – Голден стејт 114:120, Сан Антонио – Л.А. Клиперс 126:131, Далас – Мајами 115:90, Денвер – Индијана 134:111, Сакраменто – Оклахома 118:113.