Кошаркарите на Пелистер загубија од Златибор Чајетина со 75-69 во последниот меч од АБА2 лигата кога е во прашање „балонот“ во Бања Лука.
Македонскиот прволигаш имаше добри и лоши моменти на овој меч, успеа да се врати од минус 17 и да поведе во последниот период, меѓутоа завршницата му припадна на српскиот претставник за кого ова беше седма победа во актуелнава кампања.
Карутерс со 22 и Карпентер со 18 поени беше најефикасни кај клубот од Битола, додека предводникот го предводеше поранешниот играч на МЗТ Скопје, Протиќ со 23 кошеви.
Пелистер има учинок 6-4 по 10 кола во АБА 2 лигата и во моментов е на местата кои водат во плејофот.