Доколку сте љубител на месо, ви препорачуваме да направите пилешко во сос од куркума и ќе имате неодолив ручек.
Состојки:
400 гр пилешко бело месо
200 мл јогурт
една лажичка сенф
една лажичка куркума
половина лажичка коријандер
магдонос
сол, бибер
Подготовка:
Пилешкото исечете го на крупни парчиња и испржете го во тава со многу малку масло.
Кога ќе зарумени од сите страни, додадете го јогуртот, измешајте ги сенфот, солта и побиберете по вкус и додадете ги куркумата и коријандерот.
Промешајте да се соедини сè, намалете ја топлината и динстајте уште малку за да добиете кремаст сос со месото. Кон крајот на динстањето посипете со сечкан магдонос. Послужете со ориз или варен компир.
Пријатно!