Вкусен ручек кој го сакаат речиси сите е незамислив без пилешко.
Состојки:
– пилешко бело месо;
– 200 гр. било какво тврдо сирење;
– сол, бибер;
– маслиново масло.
Подготовка:
Белото месо исчистете го од коските, а потоа внимателно исчукајте ги ги добиените парчиња со чекан за месо.
Потоа на секое од четирите парчиња што ќе ги одделите намачкајте со маслиново масло, посолете и побиберете.
Над сите парчиња ставете го претходно изренданото сирење, па направете ролати и секој завиткајте го во алуминиумска фолија.
Загрејте ја рерната на 220 степени и печете ги во фолија до 30 минути, а потоа извадете ја фолијата.
Вратете да се пече уште 10 минути.
На здравје!