На 05.02.2023 во 01:45 часот во Полициската станица Гостивар, Д.С.(18) од Гостивар пријавил дека околу 01:15 часот, додека бил во угостителски објект на ул.„Живко Брајковски“, настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица.
Според пријавеното, притоа со стаклен предмет бил удрен во главата и се здобил со повреда.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.