петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Петмина повредени во сообраќајка во Куманово, меѓу нив двајца полицајци

Петмина повредени во сообраќајка во Куманово, меѓу нив двајца полицајци

Двајца полициски службеници и тројца кумановци се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера пред 22 часот на „Нагорички сокак“ во Куманово, соопшти денеска полицијата.

Вчера во 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот А.И.од липковското село Матејче, и патничко возило „шевролет спарк“ сопственост на МВР.

– Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во општа болница Куманово, соопшти полцијата.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.