Го следевте рецептот до последен детал, но вашите колачи излегоа чудни и месото не доби толку убава крцкава кора? Вие не сте единствените! Многу луѓе се соочуваат со овој проблем, бидејќи некои рерни – лажат.
Во повеќето рерни, особено постарите модели, вградениот термометар кој ја снима температурата се наоѓа во еден дел од кујнскиот апарат.
Кога ќе ја загреете рерната на одредена температура, таа се достигнува во делот од рерната каде што се наоѓа термометарот. Во останатиот дел од рерната може да биде помала, а вредностите да отстапуваат и до 20 степени. Затоа треба да внимавате каде го ставате плехот за печење или дали ја обработувате храната подолго отколку што е наведено во рецептот.
Како да ја тестирате температурата во рерната?
– За да ја тестирате рерната, користете кујнски термометар. Задолжително користете термометар за печка во кујната.
– На средната решетка ставете кујнски термометар и загрејте ја рерната на 160 Целзиусови степени. Кога рерната ќе ја достигне саканата температура на регулаторот, проверете го термометарот внатре во неа.
– Ако и термометарот покажува температура од 160 степени Целзиусови – одлично.
– Доколку забележите дека температурата на термометарот е и до 20 степени пониска отколку што треба, ќе знаете дека рерната не е најточна и дека во иднина треба да ја зголемите температурата за таа вредност кога ќе треба да печете нешто.
Немате кујнски термометар?
Тестирајте ја рерната со обичен бел шеќер, кој почнува да се топи кога ќе достигне помеѓу 184 и 186 степени Целзиусови.
Во плех на средната решетка од рерната ставете половина лажица бел шеќер и загрејте ја на 190 степени Целзиусови. Ако вашата рерна се загрее до саканата температура, но шеќерот не се стопи – вашата рерна е поладна отколку што мислите.
Ако ја загреете рерната на 180 Целзиусови степени и шеќерот се стопи – вашата рерна се загрева повеќе отколку што мислите.
Важен совет на крај:
Кога печете храна во рерната, воздржете се од отворање на вратата и проверување на храната. Секогаш кога ќе ја отворите вратата од рерната, температурата во рерната паѓа за најмалку 20 степени Целзиусови, што ќе ги забави вашите кулинарски напори, а во некои случаи и целосно ќе ги уништи.