четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

КАКО СЕ ПРАВИ ДОМАШЕН ХУМУС: За најмногу 10 минути ќе направите здрав намаз од леблебија!

КАКО СЕ ПРАВИ ДОМАШЕН ХУМУС: За најмногу 10 минути ќе направите здрав намаз од леблебија!

Наутот е чудесно мешункасто растение кое е богато со протеини, влакна и витамини и дефинитивно треба што почесто да го вклучувате во вашето мени. Тој е една од главните состојки на се попопуларниот хумус намаз, кој од арапската кујна се прошири речиси во целиот свет.

Хумусот по овој рецепт се прави многу брзо, бидејќи се користи конзервирана леблебија која не мора да ја натопите преку ноќ, туку е подготвена за употреба веднаш.

Состојки:

1 конзерва наут
50 мл маслиново масло
50 гр семе од сусам
2 чешниња лук
сок од половина лимон
сол

Подготовка:

Наутот процедете го, но зачувајте ја течноста од конзервата.

Ставете го во блендер заедно со сусам, маслиново масло, ситно сечкан лук, сок од лимон и зачини. Измешајте сè со најголема брзина за да добиете компактна смеса. Ако е премногу густа, додадете малку од течноста во која беше леблебијата. Доколку е потребно, додадете уште зачини и уште еднаш измешајте сè.

Префрлете во сад и послужете. Ако има останато, покријте го со фолија и чувајте го во фрижидер.