недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

КК Работнички го ангажираше американскиот плејмејкер Ајзеа Умипиг

КК Работнички го ангажираше американскиот плејмејкер Ајзеа Умипиг

Ајзеа Умипиг доаѓа во тимот од Градски парк од редовите на косовскиот кошаркарски прволигаш Пеќ. Во косовската Суперлига во 16 натпревари имаше учинок од 11,4 поени, 2.8 скокови и 4,1 асистенции по меч.

Професионално настапуваше во Белгија, Бугарија, Канада, Либан, Литванија, Слвачка, Швајцарија, Турција и Украина.

Умипиг доаѓа во составот предводен од тренерот Димитар Мираковски како замена за Пол Џексон кој ја напушти екипата.