Солена машка торта. Хит рецепт со ќебапи кој ќе го воодушеви друштвото бидејќи одлично оди со пиво.
Состојки:
ќебапи околу 20
500-600 гр варени компири
30 гр путер
магдонос
сол, бибер
300 гр рикота
3 јајца
2 печени црвени пиперки
копар
150 гр печурки
150 гр кашкавал
Подготовка:
Подгответе калап со дијаметар од 24 см. Полуодмрзнатите ќебапи исечете ги (на половина) и еден дел наредете вертикално во калапот. Сварените компири изгмечете ги, додадете путер, сол и бибер по вкус и сечкан магдонос.
Изматете ги јајцата со 2 лажици павлака и во нив додадете рикота. Додадете сол и сецкан копар.
Добро измешајте.
Втората половина од ќебапите исечете ги на потенки парчиња и наредете ги на дното од калапот. на направите основа. Истурете 1/2 од смесата со компири. Одозгора ставете ги печените пиперки исечени на ленти. Ставете рикота и одозгора наредете ги преостанатите парчиња ќебапи. Истурете ја другата половина од компирот и добро израмнете.
Печурките исечени на ленти, малку продинстајте ги и наредете ги врз компирите.
Печете во рерна на 200 степени околу 1 час. На крајот додадете рендан кашкавал и вратете во рерна уште неколку минути, додека не се растопи.