среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Маж нападнал полицаец и сопственик на кафеана

Маж нападнал полицаец и сопственик на кафеана

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Н.(45) од с.Вруток, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 11.01.2023 во угостителски објект во Гостивар, пријавениот физички ги нападнал сопственикот и полициски службеник кој преземал службени дејствија.