среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Светското првенство во кошарка ќе се игра без НБА кошаркари!?

Светското првенство во кошарка ќе се игра без НБА кошаркари!?

Мундобаскетот кој треба да се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини би можела да помине без најдобрите светски кошаркари во моментов, оние кои настапуваат во НБА лигата. Иако има уште многу време, се посериозно и почесто се зборува за локаут во НБА чија колатерална штета би било токму Светското првенство.

Претстојното лето, односно по завршувањето на сезоната треба да биде постигнат и потпишан нов договор меѓу асоцијацијата на професионални кошаркари и сопствениците на франшизите, а уште отсега се спомнува наводно незадоволство кое може да доведе до локаут.

Ако навистина дојде до тоа, сите кошаркари кои играат во НБА, вклучувајќи ги и американските, ќе бидат „заклучени“ и нема да имаат право да играат на Светското првенство.

Досега имаше четири локаути, а слична како оваа, беше ситуацијата во 1998 година кога, исто така, играчите од НБА не можеа да настапат на шампионатот во Грција.

.